субота, 20. април 2013.

Туризмот во Македонија



   Туристичката индустрија ја има достигнато фазата на зрелост. Денес туристите се поискусни и поселективни во нивниот избор за одмор, во однос на дестинацијата и активностите. Туристичките агенции не е доволно само да презентираат одредени дестинации и да чекаат туристите да им дојдат. Во туристичката индустрија сè популарен е и во подем феноменот – туристите да посетуваат места на кои се снимани популарни филмови. Некои туристички агенции, согледувајќи ги овие придобивки, успешно ги зголемија своите продажби преку магијата на филмот.

Примери за овој нов вид туризам има многу. Американската ТВ-серија „Сексот и градот“ со својата популарност доведе нови туристи во Њујорк. Дури постојат и посебни тури каде што се вклучени ресторани, бутици, барови и клубови во кои се снимаше „Сексот и градот“.

Друг добар пример е филмот „Кодот на Да Винчи“ по истоимениот роман на Ден Браун, со Том Хенкс во главната улога. „Визит Британ“, француската туристичка агенција „Мејсон де ла Франс“, „Новотел“ и „Еуростар“ се обединија како официјални партнери на „Сони пикчрс“ и создадоа интернационална кампања за зголемување на туризмот во Лондон, Париз и Единбург, кои беа дестинации во филмот. Најпопуларната кампања на „Еуростар“ - „Вклучи се во потрагата“ се состоеше од натпревар во барање знаци и докази. Првите пет финалисти патуваа во Лондон во јуни 2006 година за големото финале, а награда вклучуваше бесплатно доживотно патување со „Еуростар“; одмори во „Риц“, Париз, и „Клариџис“, Лондон, и парична награда од 258 илјади долари.

За овој феномен на растечки посети на дестинации застапени во популарните филмови, сведочи и примерот на влијанието на филмовите на Хари Потер. Организацијата „Визит Британ“ во ноември 2001 година ја лансираше кампањата „Откриј ја магијата на Британија“, во која беа вклучени 32 локации од филмовите на Хари Потер. Побарувањата за Британија како туристичка дестинација во Америка се зголеми за 300 проценти.
   Филмови има за секој период од годината. Ова е периодот на новогодишните филмови што ни даваат идилична слика за убаво накитени елки во некои од метрополите каде што природно ни се раѓа желбата да посакаме да бидеме таму за овој период од годината. Сето ова ме потсетува на чекање на првите неколку слободни денови и уживање на овие брендирани туристички дестинации и трошење мало семејно богатство само поради тоа што за овие туристички места ни имаат направено совршена слика и место што морамe да го видиме.                                   
    

Нема коментара:

Постави коментар