субота, 20. април 2013.

AЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ

 Алтернативните развојни форми не се спротивставени на основните туристички видови туку претставуваат компонента на взаемништво.

Покрај изворноста на активностите што ги даваат алтернативните видови туризам, овие форми претставуваат фактор на вкупниот развој на просторот и туризмот како дел од развојните компоненти. Исто така, тие се и фактор за развој на основните форми, а ја поттикнуваат вкупната посетеност на регионот. Меѓутоа, за разлика од масовниот туризам во кој посетеноста има концентриран карактер, алтернативното зголемнување на посетеноста има дисперзивно значење, односно туристите се распоредуваат на повеќе локации. Алтернативните форми на туризам се фактор кој овозможува вклучување на разлиучни сегменти на туристичката побарувачка. Имено, на овој начин различните афинитети на туристичката клиентела може да најдат атрактивни содржини. Така ќе ги задоволат своите барања сврзани со забележителна пребирливост. Преку алтернативните форми на туризам се овозможува поддршка во напорите да се заштитат егзотичните средини, ретките колорити на пределите, недопрената природа, традиција и култура и да се активираат преку нивна посета. Македонија поседува непроценливо природно богатство.
    Таа е облагородена со извонредни предели во кои чистиот воздух предизвикува вистинско уживање. Расчленетиот релјеф, проткаен со бројни форми, различните идилични пејсажи и колоритот на вегетацијата ја определува како една од најатрактивните во овој дел од светот. Тоа е причина повеќе да ја заштитиме и да ја оставиме во наследство на идните генерации. Од овој вид туризам, корист треба да извлече целото општество, а посебно локалното население кое живее во областите погодни за овие форми на туризам. Придобивките треба да се бараат во различни области. Меѓу нив туристичкиот развој заслужува посебно внимание. Туризмот претставува можност за користење на заштитените подрачја на одржлив начин. Тоа е во исто време начин да се користи, штити и унапредува животната средина, богата со инзвонредни природни и внесени (од човекот) содржини и елементи. Развојот на алтернативните форми на туризам е посебно значаен во подрачјата во кои постои автентична природа и културно наследство сврзани со можности за рекреација, културни доживувања и забава. Исто така за успешно развивање на алтернативниот туризам отворена  е и првата е-продавница во Скопје.


            Отворена првата е-продавница за     

                      алтернативен туризам


„Резервирај ме„ е новата електронска продавница која  беше промовирана од страна на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Станува збор за прва е-продавница за алтернативен туризам во Република Македонија, која е дел од владиниот проект за субвенционирање на 30 електронски продавници, како најдобри бизнис планови.

„Денес можеме да ги запознаеме граѓаните со уште една е-продавница финансирана од МИОА, www.rezervirajme.com на која што граѓаните ќе можат да резервираат поголем број услуги, како што се хотелски сместувања, резервации во ресторани, спортувања, тури за алтернативен туризам и голем број други услуги, кои постојано се надградуваат.„- истакна министерот Ивановски на промоцијата.

Според претставникот на е-продавницата Билјана Стефановска, станува збор за проект на граѓанската организација ОРТ, за отварање на прва еко-социјална е-продавница, чиј профит ќе биде наменет за организирање на еколошки и социјални кампањи.

„Со секоја резервација се придонесува за заштита на животната средина, вработување на долгорочно невработени лица, и едукација на деца од основни училишта.„- рече Стефановска.

Министерот Ивановски додаде дека од претходните електронски продавници кои се веќе промовирани, продавницата за детска облека „Tilla stylish kids wear„ во Прилеп досега има 10.548 посетители, „Macedonian Handicrafts“ во Охрид има над 5.300 посети, а веледрогеријата Марти Алко над 3.600 посетители за само десетина дена од отворањето. Па така се надеваме дека ќе биде многу успешен проект и ке придонесе многу во Алтернативниот туризам во Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар