недеља, 21. април 2013.

Алтернативен туризам - промоција и маркетинг

 
  Светската туристичка организација (The World Tourism Organization) го дефинира одржливиот туризам како „туризам кој се реализира преку менаџмент на сите ресурси, на таков начин што економските, социјалните и естетските потреби ќе бидат задоволени истовремено со одржување на културниот интегритет, важните еколошки процеси, биолошката разновидност и системите за поддршка на живиот свет“.
Овие принципи означуваат дека одржливиот туризам се држи на четири столбови: економска, еколошка, културна одржливост и одржливост на заедницата. Во развојот на овие четири принципи главни учесници се локалната економија (бизнисот), локалната заедница (населението) и локалната екологија (претставена од локалните менаџери за животна средина). Секоја локална заедница – општина (мала или голема) ги има главните учесници инволвирани во развојот на одржливиот туризам.
 
                            
                              

                                   
Алтернативниот туризам ги комбинира туристичките производи и услуги поинаку споредено со масовниот туризам во однос на набавките, организацијата и човечките ресурси. Алтернативниот туризам, меѓу другото, може да биде рурален, екотуризам, авантуристички, тематски (поврзан со културното и историско наследство), религиски, вински и друг вид туризам.
Руралниот туризам се фокусира на партиципирање во руралниот начин на живеење и на тој начин претставува варијанта на екотуризмот. Секоја рурална населба или село може да биде туристичка атракција - добро зачуваната природа, автентичните рурални предели и традиционалниот начин на правење вино, на пример, се дел од предусловите за развој на производот/услугата - алтернативен туризам.
        На промоцијата ќе се обработат следните теми:
  • разбирања за потребите од одржлив развој на туризмот
  • туристички производ и услуги (природа, карактеристики, класификација), 7П
  • подготовка на проектни и бизнис-планови за одржлив развој на туризмот во регионите од заеднички интерес
  • маркетинг-концептот во одржливиот туризам
  • видови алтернативен туризам и можности во Македонија
  • алтернативен наспроти масовен туризам
  • 4П на маркетингот за алтернативни видови туризам
  • квалитетот - најважен концепт
  • воведување на методите на е-туризмот при менаџирањето на одржливиот туризам
  • подготовка на маркетинг-стратегии за развој на алтернативен и рурален туризам во рамките на принципите за одржлив туризам
                                  
  Туристичкиот маркетинг е дефиниран како „континуирана адаптација на туристичкиот производ наспроти пазарот на кој е насочен“.
 
Специфично за туристичкиот производ е тоа што тој може да се консумира само на местото каде е произведен.
 Исто така, туризмот е комплексен производ, бидејќи за негово производство работат заедно повеќе бизниси и агенции во соработка со јавниот сектор. Поради тоа, за успешен маркетинг на туризмот во одредена дестинација, регион или држава е потребна соработка на сите учесници во подготовката на туристичкиот производ, за тој да може како интегриран производ да му се понуди на потрошувачот - туристот.
  
                                                            
                                                          
                                                            


       
                                              

Нема коментара:

Постави коментар