недеља, 21. април 2013.

Видови Алтернативен Туризам

Има повеќе видови Алтернативен туризам од попознатите се: Еко-Туризам, Рурален Туризам, Планински Велосипедизам, Алпинизам, Параглајдерство, Хербален Туризам, Спеолошки Туризам.


                                                  

        Екотуризам– современ туризам


Еко-туризмот претставува современа форма на туристичка алтернатива. Таа произлегува од суштествената потреба на човекот за враќање кон природата, во услови кога под наплив на урбанизацијата и индустрилизацијата доаѓа до потиснување на “чистата природа”. Се поретки се можностите да се биде во простор со автентични вредности. Така туристите се поттикнуваат за посета и престој во  средини во кои еко-системите како вредност претставуваат основа за заштита. Заштитените средини се пак подрачја во кои постојат потенцијали за еко-туристички активности.
Екотуризмот е нов вид туризам, современ, со голема перспектива и претставува важна гранка во туристичката индустрија. Тој се создава и бргу се развива како алтернатива на масовниот туризам. Се базира на одговорно искористување на природата и се користи како инструмент за постигнување на одржлив развој. Секогаш се грижи за водење и сместување на мали групи туристи во природни области со интегрирани образовни програми и тесна соработка со локалното население. Терминот екотуризам првпат се споменува во трудовите на Милер (1987 година), додека во 1991 година Меѓународното друштво за туризам (ТИЕС) ја формулира првата дефиниција за екотуризам што гласи: „Екотуризмот е одговорно патување во подрачјата на природата, со што се зачувува животната средина и се одржува благосостојбата на локалното население“.

Екотуризмот овозможува значајна економска корист за многу земји, региони и заедници. Од нив можеме да ги споменеме: Галапагос, Костарика, Танзанија, Кенија, САД и други. Сите овие земји се карактеризираат со недопрени подрачја, со големи природни убавини, богат биодиверзитет и со богато историско и културно наследство. За спроведување на екотуризмот задолжително треба да се вклучуваат повеќе учесници, како владата, локалната заедница, невладини организации и др.

Македонија изобилува со природни убавини и реткости, но и со богато историско културно минато. Многумина ја нарекуваат „бисер на Балканот“. Основни региони со можност за развој на екотуризмот се националните паркови (Галичица, Маврово, Пелистер), различни локалитети со карактеристична историја и природа со богат биодиверзитет (голем број ендеми), пештери, водопади и друго. Во Република Македонија не е јасно дефинирана законската рамка што се однесува на развој на екотуризмот, но охрабрува тоа што постои свест за потребите од развој и афирмација на овој вид туризам. Оваа определба е утврдена во повеќе развојни документи, но посебно е потенцирана Националната стратегија за развој на туризмот (2008-2012). Ќе ја реализира ли Македонија оваа стратегија и ќе придонесе ли за развојот на нашата економија... останува да видиме!
           

 

                                                         Рурален туризам
   Руралниот туризам претставува специфичен, алтернатгивен вид туризам диференциран врз основа на мотивската атрактивност на селските средини со зачувани традиционални карактеристики.
Тоа се средини во кои туристите можат да се занимаваат со полјоделски, сточарски активности, преработувачко и занаетчиско производство со традиционални карактеристики, учество во свечености и манифестации, седенки и фолклорни средби. Туристите ги привлекува незагадената животна средина, чистиот воздух и свежата изворска вода, селската идилична колоритност, традиционалната селска архитектура и екстериери, ентериетното уредување и опремување со традионални содржини, традиционалните семејни односи и средбите со домашните животни и миленичиња.
За туристите од атрактивно значење е традиционална храна и пијалоци. Во тој поглед атрактивно е активното учество на посетителите како во подготвувањето така во сервирањето и послужувањето. Покрај храната и пијалоците како мотивска атрактивност со традиционални карактеристики за туристите е интересна и свежата свежата и биолошки исправна храна и храната со органогени карактеристики. Развојот на руралниот туризам е во врска со бачилското сточарење како специфичен начин на номадски живот кој претставува посебна атрактивност за туристите. Активностите се однесуваат на учество во напасувањето на овците, нивното молзење, прехранување, преработка на млекото и производство на млеќни производи, подготвување и служење на споецијалитети сврзани со бачилското сточарење. Традицијата на бачилското сточарење е присутно во Галичник, Г. Белица, високиот дел на атарскиот простор на Вевчани, Подгорци, Лабуништа и Лакавица од западниот дел на Р.М, како и делови од Малешевијата и Осоговските планини од источниот дел на Р. Македонија. Равојот на овој вид туризам поседува забележителни рекреативни карактеристики кои се сврзани со разгледување на селските предели и активен одмор.
Во културна смисла овозможува откирвање на специфичлни традиции и елементи кои ги облагородуваат посетителите со својата реткост и некатадневснот. Со развојот на руралниот туризам се овозможува подобрување во коридтење на ресурсите и начинот на живот, а во општествено-економска смисла спречување на иселување и отварање на процеси на враќање и доселување на нови жители.

Под поимот рурален туризам се сретнуваат разни називи: еко – туризам, селски туризам, агро –туризам, еко рурален туризам и сл. Руралниот туризам е концепт на туризам во селските домаќинства, кој се темели на користење на руралниот простор во контекст на туристички понуди. Надвор е од урбаните населби и нема масовен облик. Руралниот туризам подразбира поттикнување на развојот на нови туристички дестинации на континентот. Дел е од континенталниот туризам. Се одвива во селските стопанства чија егзистенција се темели на земјоделството, а вишокот од своите производи го пласираат низ новиот продажен канал – туризам.
Македонија како планинска земја со голем број села, со благи климатски услови, со богатство на шуми, извонредни пејзажни вредности на релјефот, богата хидрографија, традиционална гастрономска понуда има голем потенцијал за развој на руралниот туризам како дел од алтернативниот туризам.
За занимавање со рурален туризам или некој негов дел, треба да се проверат предусловите од опкружувањето, некои сопствени предности, како и предусловите на своето домаќинство.
Оние кои решиле да се занимаваат со рурален туризам можат да понудат:
- Угостителски услуги во домаќинството – само со издавање на соби, апартмани или куќи за одмор.
- Угостителски услуги во селско домаќинство – на групи од излетници дневно, претежно со храна и напитоци од свое производство
- Угостителски услуги на пловен објект и сл.
Во занимавањето со рурален туризам предност е тоа што селските стопанства заработувачката ја остваруваат во своите сопствени дворови, тоа подразбира активно вклучување на целото семејство.
Руралниот туризам не е капитално интензивна гранка со голем профит, туку повеќегодушно вложување и уште подолгорочен поврат на вложените средства.
Овој тип на туризам е посебно атрактивен за странските туристи и луѓето кои доаѓаат надвор од Македонија, а работат или престојуваат во државата.
Освен со продажба на сопствените производи, приход се остварува и со услуги за сместување, храна, и одредени други активности – непосреден контакт со домашните животни, учествување во земјоделските работи, варење ракија, јавање и сл.
Во Македонија е отворен факултет за Менаџмент на еколошки и рурален туризам преку кој се задоволуваат по тре би те на раз лич ни те ни воа на ко рис ни ци за ва ков вид на едукација.
Покрај тоа се почесто се организираат обуки и работилници за рурален туризам и други сродни области, организирани од земјоделски советници и невладини организации.
 Препознавајќи го потенцијалот посебно за развој на руралниот туризам, Владата преку финансиската поддршка на Секторот за рурален развој и основање Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот даде системска поддршка за развој на руралниот туризам.
За развој на руралниот туризам, можат да се искористат и неповратни финансиски средства од европските и светските фондови.
 
 

 

                                                    Планински велосипедизам  
Планискиот велосипедизам се јавува како алтернатива на класичниот велосипедизам кој се одвива во рамни простории или во простории со релативно благи наклони. Во неговата основа е содржана потребата од велосипедско совладување на предели со бројни нерамнини и тешко проодни карактеристики за вакво возење и пред се, совладување на планинските страни. Велосипедските патеки од овој вид се карактеристични по релјефна и почвена структура со различните наклони и присуство на каменити, водотечни вегетациски и други пречки, како и комуникации кои водат до вакви терени. Тоа значи деmountin-bikingка туристите припаѓаат на структурата на побарувачката која има рекреативни потреби сврзани со велосипедизмот, љубов кон природата и желба за соочување со предизвици.
Не постои подобар начин да избегате од секојдневието во природата со вашиот велосипед специјализиран за планинска подлога и да се впуштите во адреналинска авантура.
 

                    Планински велосипедизам на Пелистер

velosipedizam
Хотел Молика и уникатите пејзажи на Националниот Парк Пелистер ги овозможуваат едни од најатрактивните и највозбудливите велосипедски доживувања.


Со особено задоволство Ви ги претставуваме велосипедските патеки:

Велосипедска патека „Големо Езеро“

  • Должина на патеката - 35 км
  • Времетраење на патеката - околу 6 часа
  • Тежина на патеката -  тешка
  • Амплитуда на надморска висина - 1420 м. – 2180 м. – 1420 м.
Опис: Патека по земјен пат со можност да се доловат прекрасните видици на Пелистер која е поделена на три периоди од кои најтежок е средниот на искачување. Препорачлива е за искусни учесници.

 velosipedizam golemo ezero

Кружна велосипедска патека „Бегова чешма – Големо езеро – Ниже поле“

  • Должина на патеката - 45 км
  • Времетраење на патеката - околу 8 часа
  • Тежина на патеката -  тешка
  • Амплитуда на надморска висина - 1420 м. – 2180 м. – 900 м.– 1420 м.
Опис: Комбинирана патека преку која се прави кружен тек низ Националниот парк Пелистер, возејќи на враќање на дел од патеката по асфалтен пат до хотелот Молика. Препорачлива за искусни учесници.

velosipedizam nize pole

Велосипедска патека „Маловишта“

  • Должина на патекат - 35 км
  • Времетраење на патеката - околу 4 - 5 часа
  • Тежина на патеката - средна
  • Амплитуда на надморска висина - 1420 м. – 1150 м. – 1420 м.
Опис: Патека до единственото населено место во рамките на
Националниот парк, селото Маловишта, кое изобилува со фолклорни мотиви, стара македонска архитектура, цркви и манастири со препознатлива историја. Препорачлива за поширок круг на планинарски велосипедисти.

velosipedizam maloviste

Есктремна велосипедска патека „Копанки

  • Должина на патеката - 1,9 км
  • Времетраење на патеката - околу 5 минути
  • Тежина на патеката - тешка
  • Амплитуда на надморска висина - 1636 м. – 1320 м.
Опис: Патека со стрмни делови, погодни природни скокови со
Велосипед, доста брза и наменета за натпревари од ваков вид
на спортски учесници.

velosipedizam kopanki

Секако дека околината која изобилува со прекрасни пешачки патеки и го опкружува нашиот хотел е исто така погодна за реализација и осмислување на пократки Велосипедски тури кои би можеле да е вклопат во престојот на гостите кои имаат намера да не посетат.

                                                                Алпинизам
Алпинизмот е една од најпопуларните алтернативни форми на туризмот. Етимолошки потекнува од освојувањето на Алпите кои пак се синоним на високи планини. Активностите претставуваат освојување на високите врвови и стрмни отсеци. Треба да се констатира дека ваквите релјефни форми претставуваат основа за развојот на оваа дејност.
Карактеристично е дека се работи за алтернативна туристичка форма во која сезонските влијанија не се нагласени како кај другите видови туризам и алтернативни активности. Ваквата вредност овозможува проширување на сезоната.
Со алпинизмот се занимаваат посетители кои се добро извежбани за освојување на високи врвови, но и почетници. За разлика од алпинистите кои се добро истренирани, почетниците во алпинизмот наоѓаат можност да се стекнат со знаења и вештини за совладување на височините. За оваа намена се користат отсеци во планинскиот простор. Покрај тоа, на карпестите отсеци можат да се организираат тренинг и искачувања за почетниците.  „Алпинизам е комплекс на активности кои во основа се сведуваат на движење по непристапни и неуредени планински предели и карпи исклучително од „спортски“ (во смисла на сила, брзина и достигнување), естетски и контемплациски т.е. духовни потреби.“„Најдобар алпинист е оној кој најдобро се забавува!“
Највисок степен на достигнувње во планинарењето е алпинизмот. Тоа е движење по карпести планини при што не се користат планинарски патишта, туку разни смерови по карпите. Алпинизмот бара постојана физичка кондиција, големо искуство и познавање на техниката на качување. Алпинизмот претставува естетско доживување и спортско делување во планините во секое годишно време заради откривањена убавините и занимивлостите на природата, како и заради јакнење на физичката сила, издржливоста и волјата. Највидлив дел од алпинизмот е физичката работа т.е. качувањето по карпи. Тоа се нарекува алпинистика. Духовната компонента е моторната сила која со него доминира.
Алпинизмот е активност која се извршува на планина и пред се алпинистите се планинари. Единствена разлика е тоа што тие сакаат да ги посетуваат малку “пострашните” делови од планината, тие кои се со карпи или кои се многу стрмни и кои најчесто можат да се качуваат само со специјална опрема.
Алпинизмот со нашите очи го гледаме како активност во која некој човек употребувајќи специјална опрема се качува на некоја карпа или пак на голема снежна планина. Најчесто луѓето не го разбираат алпинизмот - тие премногу гледаат со очите и премногу размислуваат, наместо барем за една секунда да го употребат своето срце.    


                                                               Параглајдерство
    Параглајдерството преставува летечка алтернативна форма која овозможува, со помош на посебно летало, да се совлада просторот по воздушен пат. Се добива впечаток дека со летањето на овој начин параглајдеристите всушност, својата активност ја темелат на имитацијата на летот на птиците. Притоа, ги користат воздушните погодности како што се благите ветрови или воздушните тишини, отсуство на магла и слаба облачност. Исто така, основа за развој претставуваат и високите врвови и отсеци, кои се користат за полетување.
Туристичката клиентела во оваа активност е клиентела со специфични афинитети и склоности. Основа за параглајдерството се рекреативноста и куриозитетноста во издигнетоста над планинскиот простор. Богатството на различни природи и антропогени содржини овозможуваат ретко пејсажно и панорамско доживување. Тоа се однесува не само на тесниот планински предел, туку и на целиот регион, исполнет со извонреден колорит и ретка комбинација на вода, копно и шумовидост.
Со ваквата активност може да се занимаваат само извежбани параглајдеристи. Затоа е потребно просторните погодности да се искористат и како можност за тренинг активности за параглајдерство за што можат да послужат и пониски врвови.
Лек против стравот. Повик во авантура. Слобода. Мир. Тишина. Блискост со природата и претворање на сонот во стварност. Може да се каже дека тоа е она што секој човек го посакува.

Љубаништа
Параглајдерството е најмлада и најмасовна воздухопловна,  забавно-рекреативна и спортска дисциплина, како во светот така и кај нас. Овој нов вид спорт и  забава во светот за кратко време стекна околу милион љубители.
Она што параглајдерството го прави посебно е директниот контакт и активното дружење со природата. Пред сè, пронаогање себеси во просторот што нè опкружува.

 Во Охрид стартува Европското првенство во параглајдинг

                                                              Хербален туризам

   Пред било какво започнување со хербален туризам, населението мора да има предвид дека има точно одредени насоки како да се собираат растенија за да не се уништат трајно одредени видови. Исто така, изнесување на растителен или животински материјал од државата е казниво со закон затоа што многу растенија и животни се заштитени со меѓународната конвенција CITES која забранува тргување и преминување на границата со таков материјал.
Хербален туризам основата за развој на туризмот треба да се бара и во богатаата вегетациска разновидност. Тревнатата флора, застапеноста на букова, брезова и борова шума се можност за наблудување, престој и собирање и на цветови, лисја, плодови, кора, смола и корени. Како развојни зони и локалитети за оваа намена треба да се определат следниве: Боро Поле, Копање, Рудине, Долина на Оча и др
Поради разновидноста на просторот има можности за развивање на алтернативни и адреналински начини на туризам преку изградба на: локации за банџи џампинг, зоолошки градини со автентични животни, јажени градини за деца и возрасни, жичници за транспорт на туристи и алтернативни забавни жичници, ергели за коњи и др.

Како еден ос најзначајните видови туризам во рамките на оваа критериумска група е кампинг туризмот. Погодни локалитети за овој туризам се локалитетите:
-Копање (авто камп, манифестации) -Белица (извиднички детски камп и истражувачки центар)



          
 






                       Спелеолошки туризам
   Овој вид туризам сеуште не е промовиран и постојат услови за развој и посета на само неколку пештери во Македонија. Ова значи дека пештерите се уште не се доволно проучена и засега нема можности да се користат како туристичка атракција туку само во насока на едукативни и научно-истражувачки активности.
Во рамките на овој вид туризам посебно место заземааат површинските и подземните карстни форми. Како површински карстни форми импресивен карактер имаат вртачите. Тие се со примерен едукативен карактер, затоа што се најзастапени и со највпечатливии димензии. Анфитеатралните карактеристични облици овозможуваат одржување на едукативни, културни и промотивни активности. Како локалитети за оваа намена треба да се определат вртачите: во Радово, Копање, Шиовец, Боро Поле и високите делови на Караџица.
Посебно богатство за развој на туризмот претставуваат подземните карстни форми во вид на пештери и пропасти. Уредувањето на внатрешноста и околниот простор овозможува развој на типски спелеолошкиот туризам.
Значајни спелеолошки објекти се: Пропаст- Јасика, пештера Врело-Матка, Убава-Матка, Пропаст Срт-Ивање, Голема пеш-Здуње, Црна пеш-долина река Оча, пропаст Ситоица-Рудине како и пропасти наменети за алтеренативен туризам и тоа: Словачка Јама, Шиовец 1, Копање 1 и 2, Радева Нива и др.  
                                                 Спелолошки Активности На просторот на кањон Матка се евидентирани 10-ина пештери и 2 пропасти.
Спелеолошките објекти може да имаат одредена намена според Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Македонија (1999). Таа може да биде:
1.Научно-истражувачка намена може да има објект или подрачје кое служи за научно истражување на неживата природа и нејзините процеси.
2.Студиско-демонстративната намена се однесува за објект кој служи како нагледен пример за некоја природна појава или процес (пр. за високо образование).
3.Образовно-воспитна намена имаат објектите кои се нагледни, односно може да служат за запознавање на природата и нејзините законитости (за училишта од понизок степен) и се наменети за посета на широката јавност.
4.Рекреативна намена има објект или подрачје кое е погодно за одмор и разонода во природа.
5.Еколошка намена имаат локалитетите кои претставуваат прибежиште (рефугиум) за загрозени растителни и животински видови.
6.Стопанска намена може да има одреден локалитет доколку не е во спротивност со заштитата.
Дел од анализираните пештери се со поголеми димензии па поради тоа е можна нивна стопанска (туристичка) намена. Истото се однесува и за пропастите. Пред да се изврши туристичко уредување на овие простори неопходно е изработка на стручни елаборати со цел да се утврди можното нарушување на микро просторот во објектите. 

                                                                          

                    






Нема коментара:

Постави коментар