Светската туристичка организација (The World Tourism
Organization) го дефинира одржливиот туризам како „туризам
кој се реализира преку менаџмент на сите ресурси, на
таков начин што економските, социјалните и естетските
потреби ќе бидат задоволени истовремено со одржување на
културниот интегритет, важните еколошки процеси,
биолошката разновидност и системите за поддршка на
живиот свет“.
Овие принципи
означуваат дека одржливиот туризам се држи на четири столбови:
економска, еколошка, културна одржливост и одржливост на заедницата.
Во развојот на овие четири принципи главни учесници се локалната
економија (бизнисот), локалната заедница (населението) и локалната
екологија (претставена од локалните менаџери за животна средина).
Секоја локална заедница – општина (мала или голема) ги има главните
учесници инволвирани во развојот на одржливиот туризам.
Алтернативниот туризам
ги комбинира
туристичките производи и услуги поинаку споредено со
масовниот туризам во однос на набавките, организацијата
и човечките ресурси. Алтернативниот туризам, меѓу
другото, може да биде рурален, екотуризам,
авантуристички, тематски (поврзан со културното и
историско наследство), религиски, вински и друг вид
туризам.
Руралниот туризам се
фокусира
на партиципирање во руралниот начин на живеење и на тој
начин претставува варијанта на екотуризмот. Секоја
рурална населба или село може да биде туристичка
атракција - добро зачуваната природа, автентичните
рурални предели и традиционалниот начин на правење вино,
на пример, се дел од предусловите за развој на
производот/услугата - алтернативен туризам.
На промоцијата ќе се обработат следните теми:
-
разбирања за потребите од одржлив развој на туризмот
-
туристички производ и услуги (природа, карактеристики, класификација), 7П
-
подготовка на проектни и бизнис-планови за одржлив развој на туризмот во регионите од заеднички интерес
-
маркетинг-концептот во одржливиот туризам
-
видови алтернативен туризам и можности во Македонија
-
алтернативен наспроти масовен туризам
-
4П на маркетингот за алтернативни видови туризам
-
квалитетот - најважен концепт
-
воведување на методите на е-туризмот при менаџирањето на одржливиот туризам
-
подготовка на маркетинг-стратегии за развој на алтернативен и рурален туризам во рамките на принципите за одржлив туризам
Туристичкиот маркетинг е дефиниран како „континуирана адаптација на туристичкиот производ наспроти пазарот на кој е насочен“.
Специфично за туристичкиот производ е тоа што тој може да се консумира само на местото каде е произведен.
Исто така, туризмот е комплексен производ, бидејќи за
негово производство работат заедно повеќе бизниси и
агенции во соработка со јавниот сектор. Поради тоа, за
успешен маркетинг на туризмот во одредена дестинација,
регион или држава е потребна соработка на сите
учесници во подготовката на туристичкиот производ,
за тој да може како интегриран производ да му се понуди
на потрошувачот - туристот.
Нема коментара:
Постави коментар